Руската економија значително порасна

Економијата на Русија забрза во третиот квартал, врз основа на индустриското производство, објавија заводот за статистика и Министерството за економски развој, забележувајќи ја зголемената потрошувачка. Бруто домашниот производ (БДП) на Русија порасна за 5,5% од јули до септември во споредба со истиот квартал минатата година, што е најсилно од крајот на 2021 година, објави заводот за статистика Росстат.

Од април до јуни е зголемен за 4,1%, а од јануари до март е намален за 1,8% во однос на истиот период лани. Растот е поттикнат од силните владини трошоци, а аналитичарите укажуваат на поголемо индустриско производство за војната против Украина. Овие фактори го ублажија влијанието на западните санкции, кои руските компании се чини дека сè поуспешно ги заобиколуваат, пишува новинската агенција DPA.

Руското Министерство за економски развој благо ја зголеми проценката за растот на активноста од јануари до септември, од 2,8 на 2,9%, цитира агенцијата ТАСС извештај на службата за односи со јавноста на министерството, кој се повикува на заменик-министерката Полина Крјучкова.

На крајот на октомври премиерот Михаил Мишустин изјави дека рускиот БДП пораснал за 2,8% во првите девет месеци од оваа година, повикувајќи се на податоци од Министерството за економски развој. Според премиерот, производството на индустриски производи се зголемило од јануари до септември за повеќе од 3%, а движечка сила била преработувачката индустрија со стапка на раст од над 7%.

„Економијата е поддржана со зголемена активност на потрошувачите, што е обезбедено со флексибилен домашен пазар на труд и повисоки реални приходи на населението“, рече Крјучкова, според извештајот на ТАСС. Во октомври Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите редовни есенски прогнози за светската економија прогнозираше дека БДП на Русија ќе порасне за 2,2% оваа година и за 1,1% во 2024 година.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Бизнис

Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

Read more

На Волстрит индексите речиси непроменети

Read more

Пад на Волстрит - се чекаат бројките од Црн петок и Сајбер понеделник

Read more

Нов притисок за цените на нафтата

Read more
 

Вести

Најголемиот климатски самит во историјата почна со една голема промена

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Читај повеќе

Владимир Путин нареди бројот на руски војници да се зголеми за 170.000

Читај повеќе

Северна Кореја: Попречувањето на нашите сателити би било објава на војна

Читај повеќе

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Читај повеќе

Паника во Брисел поради Орбан: Ја држи ЕУ како заложник

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

Читај повеќе

Скопјанка овозможила возрасни да имаат секс со малолетнички и да ги снимаат

Читај повеќе

Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот

Читај повеќе