Руската вакцина против коронавирусот ќе штити до две години

Луѓето кои ќе ја примат новата руска вакцина против COVID-19 ќе бидат имуни на новиот коронавирус до две години, соопшти руското Министерство за здравство.

– Вакцината е создадена во Центарот за истражување Гамалеја, кој работеше на пронаоѓање на вакцина користејќи испробани и проверени процедури за одгледување на вектори на аденовирус, изјави министерот за здравство Михаил Мурашков.

– Сакам да истакнам дека истражувачите од нашите научни центри уште од 90-тите успешно експериментираат со подготовка за генетски терапии. Со понатамошно истражување формирана е универзална платформа за изработка на вакцини против разни заразни болести, а на овие платформи научните истражувачи и нашите експерти веќе успеаја да создадат шест вакцини кои се со различен степен на употреба во Русија, рече рускиот министер за здравство Михаил Мурашков, наведувајќи ги како примери на вакцината против вирусот ебола и коронавирусот од типот MERS-CoV.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно соопшти дека Русија стана првата земја во светот со официјално атестирана вакцина против коронавирусот, по помалку од два месеци тестирање врз луѓе, „со што Москва покажа научна генијалност и надмоќ“.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека со руските здравствени установи преговара за атест за новата вакцина, што според претставникот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, подразбира строга проверка на сите пропишани безбедносни процедури и ефикасност на новата вакцина.

Путин исто така соопшти дека една од неговите ќерки примила вакцина против коронавирусот.

– Една од моите ќерки ја прими вакцината. Во таа смисла, таа учествуваше во експериментот. По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден малку над 37, и тоа е тоа, рече Путин на владината седница на која беше објавено дека во Русија е регистрирана првата вакцина против COVID-19.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе