Чек дис аут

Руски археолози открија подземно казино од 17. век

11. ноември 2019 - 10:03 | М.С.

Царот Алексеј, кој владеел од 1645 до 1676 година, ги прогласил игрите со карти и другите облици на коцкање казниви со закон- со каменување или отсекување на ушите.

Коцкарите во Русија во текот на 17 век пронаоѓаа креативни начини за да ги избегнат казните за строгите забрани за коцкање кои ги наметнуваше власта, покажува новото откритие на руските истражувачи.

Така, љубителите на игри мораа да измислат сложени трикови за да не бидат фатени на дело.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Интереснейшая история разворачивается в раскопе на месте бывшей ТЭЦ. В слоях второй половины XVII обнаружено "подпольное казино" Дело в том, что в царствование Алексея Михайловича азартные игры были запрещены и сурово карались. Игрокам приходилось идти на всяческие уловки, чтобы скрыть свое пагубное пристрастие. На фото - скамья, на которой расчерчено поле для игры в алькерк (разновидность Мельницы). В случае визита незванных гостей на игровое поле можно было просто сесть или быстро накрыть его тряпицей и скрыть от чужих глаз. В прошлом году мы нашли немало фишек для игры, а теперь - еще одно доказательство разнообразного времяпровождение псковичей. #arheologpskov #псков #археология #раскопки #находки #артефакт #история #средневековье #мельница #игра #настольныеигры #алькерк #archaeology #archaeologylife #artefact #excavation #history #medieval #game #tablegame #alquerque

A post shared by Археология Пскова (@arheologpskov) on

Археолозите, подземното казино го пронајдоа во регионот Псков, 620 км. западно од Москва.

Истражувачите пронајдоа дрвена клупа со играта на плоча „аlquerque“(алкерке), игра слична на шах, која исто така била забранета.

„Поради фактот дека коцкање било забрането, морале да смислуваат алтернативни начини за да се забавуваат“, велат археолозите.

Стратешката игра алкерке е игра на табла за која се смета дека потекнува од Блискиот исток. Дури во 13 век, правилата ги открива Алфонсо X od Кастиља во книгата „Libro de los juegos“.

Коментирај