Руски космонаут стана првиот човек кој поминал 1.000 дена во вселената

Рускиот космонаут Олег Кононенко стана првиот човек кој поминал вкупно илјада дена во вселената.

Кононенко го постави овој рекорд во средата за време на неговиот петти лет во вселената и неговиот трет мандат како командант на Меѓународната вселенска станица (МВС). Во февруари годинава тој го собори кумулативниот рекорд за време поминато во вселената, претходно поставен од неговиот сонародник Генадиј Падалка.

Последното патување на Кононенко на МВС започна во септември 2023 година заедно со астронаутката на НАСА, Лорал О'Хара, и сонародникот Николај Чуба.

Руската вселенска агенција Роскосмос во соопштение за печатот изјави дека Кононенко станал првиот човек во светот кој го постигнал овој подвиг.

Кононенко треба да остане една година на МВС, а неговото враќање на Земјата е планирано за септември годинава. Ако сѐ оди според планот, дотогаш ќе собере 1.110 дена во орбитата. Тој рече дека неговите американски колеги од МВС биле меѓу првите кои му честитале за поставувањето на новиот рекорд.

МВС е едно од последните полиња каде што САД и Русија продолжуваат да соработуваат и покрај руската инвазија на Украина, што резултираше со зголемени тензии меѓу двете земји.

Роскосмос во декември објави дека неговата програма за вкрстени летови со НАСА е продолжена до 2025 година, а целта на оваа програма е транспорт на астронаути до МВС.

Станицата е во ниската орбита на Земјата од 1998 година. Астронаутите почнаа да ја користат станицата во ноември 2000 година, кога беа додадени модулот за долгорочна поддршка на животот и контролниот систем. Оттогаш, МВС нагости над 250 астронаути од 20 земји, главно од Русија и САД.

Во проектот МВС се вклучени НАСА, Европската вселенска агенција (ЕСА), КСА (Канада), JAКСA (Јапонија) и рускиот Роскосмос. Со текот на годините, овие земји ја изградија најголемата станица во историјата, која воедно е и најголемата структура некогаш поставена во вселената од човекот.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Вести

Скелет стар 2 милиона години откри неочекувани мајмунолики особини кај раните луѓе

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Read more

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Read more
 

Гик

Скелет стар 2 милиона години откри неочекувани мајмунолики особини кај раните луѓе

Читај повеќе

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Читај повеќе

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Читај повеќе

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Читај повеќе

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Читај повеќе

Како да го спречите Google да ве следи?

Читај повеќе

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone

Читај повеќе

Првата офшор ветротурбина од 20 MW инсталирана во Кина, ќе напојува 40.000 домови

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе