Руски космонаути вчера ја напуштија Меѓународната вселенска станица (ISS/МВС) на својата прва прошетка по година и пол.

Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков имаа задача да поминат пет и пол часа надвор од МВС, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
Мисијата опфати подготовки за инсталирање на модулот за истражување „Наука“, кој следната година треба да пристигне на МВС од рускиот космодром Бајконур во Казахстан.
Повеќенаменскиот модул ќе вклучува технологија што им овозможува на космонаутите да извршуваат одредени задачи без да мора да ја напуштаат МВС.
Планирани се вкупно десет вселенски прошетки како подготовка за инсталирање на модулот.
На МВС се наоѓаат американскиот астронаут Кетлин Рубинс и уште четворица астронаути кои пристигнаа на МВС на почетокот на неделава со американската капсула SpaceX Crew Dragon.