Руски НХЛ хокеар заврши во болница откако беше уапсен поради избегнување воен рок

Адвокатот на рускиот хокеар Иван Федотов (25 г.) изјави дека неговиот клиент бил приведен во Русија поради обвинувања дека избегнал служење воен рок, по што бил префрлен во воена болница бидејќи му се слошило.

Голманот на руската репрезентација, која годинава го освои среброто на Зимските олимписки игри во Пекинг, во мај потпиша едногодишен договор со НХЛ тимот на Филаделфија Флаерс.

Меѓутоа, руските медиуми во петокот објавија дека Федотов бил приведен од полицијата во Санкт Петербург на барање на военото обвинителство и бил одведен во канцеларија за регрутирање.

Адвокатот Алексеј Пономарјов синоќа за државната новинска агенција РИА изјави дека Федотов во петокот бил одведен во канцеларијата за регрутирање, а потоа во воена болница откако му се слошило.

URL

Минатата сезона Федотов со одлични перформанси ја предводеше ЦСКА Москва од Континенталната хокеарска лига (КХЛ) до титулата шампион на лигата, односно Гагарин купот.

Да потсетиме, најсилната хокеарска лига НХЛ ги прекина деловните односи со Русија, но не им забрани на повеќе од 50 играчи да играат во своите тимови.

Исто така, НХЛ не му дозволи на победникот на Стенли купот, Валериј Ничушкин од тимот на Колорадо Аваланш да го однесе трофејот во Русија, што претходно го правеа сите руски хокеари во северноамериканската лига.

Тагови
реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе