Руски новинар доби тупаница на пренос во живо
Руски новинар доби тупаница во лицето додека во живо известувал од традиционалната прослава на падобранците во Москва.
Никита Развозхајев, репортер на каналот НТВ, додека известувал од настанот, еден човек гласно ги коментирал односните помеѓу Русија и Украина, но и коментирал за телевизијата за која смета дека е наклонета кон Украина.
Кога репортерот го замолил да не биде толку гласен, тој се доближил до новинарот и го удрил со тупаница.
„Ако на таков начин разговараш со мене, еве што ќе добиеш“, рекол напаѓачот.
Инцидентот се случил во паркот „Горки“, а во тој момент само преку порталот вклучувањето во живо го следеле 400.000 луѓе. Полицијата го открила идентитетот на напаѓачот, се работи за националистот Дмитри Орлов, кој никогаш не бил припадник на падобранска единица.