Руски олигарх: Путин е смртно болен

Со години се шпекулира за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин, а сега тоа се случува уште почесто откако Русија изврши инвазија на Украина.

Порталот New Lines објави дека дошле до аудиоснимка од олигарх близок до Кремљ, а во која вели дека Путин е „многу болен, дека има рак на крвта“, иако не специфицира од кој тип карцином наводно боледува претседателот.

Олигархот тврди дека за тоа е испратен „строго доверлив документ“ до седиштето на ФСБ (наследник на советскиот КГБ), како и до сите регионални директори на ФСБ.

Кристо Грозев, новинар истражувач на Bellingcat, угледна страница за форензика и анализа на разузнавачки податоци, изјави:

„Во документот им се наредува на регионалните директори да не им веруваат на шпекулациите за здравствената состојба на претседателот. Добија инструкции да делуваат против сите такви шпекулации кои би можеле да се рашират по локалните одделенија на ФСБ. Според извор од една од регионалните единици, кој го видел документот, ваквата наредба без преседан имала спротивен ефект бидејќи сите функционери во ФСБ веруваат дека Путин навистина боледува од сериозна болест“, вели Грозев.

New Lines наведува неодамнешни забелешки за промените во физичкиот изглед на Владимир Путин – од начинот на кој оди до изгледот на лицето, кое е отечено, што сепак би значело дека зема лекови. 

Ешли Гросман, професор по ендокринологија на Оксфорд, за New Lines изјави:

„Путин отескогаш изгледал како да е во форма. Но, во последните неколку години негото лице и врат изгледаат подебело. Таквиот изглед е компатибилен со користењето стероиди“.

CNN сепак потсетува дека ваквите тврдења не можат да бидат проверени, што би можело да значи дека оние во Русија кои сакаат да го симнат Путин од власт шират такви шпекулации за да ги уверат истомислениците дека Путин е ранлив.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе