Руски политичар: Србија може да се приклучи на Русија по референдум

Заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на руската Дума, Алексеј Чепа, во интервју за радио „Говорит Москва“ изјави дека одлуката за пристапување на Србија кон Русија зависи од волјата на српскиот народ.

„Не знам колку е тоа реално, бидејќи овде одлуката не е на Вучиќ, туку на народот. Тоа треба да го реши народот на референдум. Треба да се почитува волјата на народот, за подоцна никој да не рече дека тоа е окупација, преземање и рушење. Ќе има голем број на противници на оваа идеја, така што во овој случај сè мора да биде чисто“, рече рускиот политичар.

„Во секој случај ќе ја поддржиме Србија. Таа е исклучително пријателска кон нас. Многу се надеваме дека ќе може да се справи со провокациите на кои е изложена. Ги чекаме апелите на Вучиќ“, рече Чепа.

Србија сè уште не реагирала на оваа изјава.

Србија не воведе санкции против Русија

Да потсетиме, Србија, заедно со Турција е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ која не воведе санкции против Русија по нејзината агресија врз Украина.

Вчера Советот на Европската Унија изрази „длабоко жалење“ поради уназадувањето на Србија во усогласувањето со надворешната политика на Унијата и одбивањето да воведе санкции против Русија.

„Советот длабоко жали поради назадувањето на Србија во усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, особено поради нејзиното одбивање да воведе санкции кон Русија и Белорусија, како и поради нејзините надворешнополитички потези спротивни на заедничкиот пристап на Европската Унија“, стои во заклучоците за проширувањето, кои беа објавени во вторникот, усвоени од министрите за европски прашања на земјите-членки.

Исто така, се вели дека осудените воени злосторници не треба да имаат пристап до јавниот простор и дека нема место за нивно величење и негирање на нивните злосторства.

Тагови
реклама

Регион

Вучиќ: Србија се издигна како феникс од пепелта

Read more

Вучиќ: Нѐ очекува најдобрата година во историјата на Србија

Read more

Ново пребројување на гласовите во Република Српска

Read more

На Србија ѝ се заканува затворање на една петтина од бензинските пумпи

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе