Руски пожарникари спасиле живот на мачка извлечена од пожар
Со масажа на срцето и давање на кислород, волгоградски пожарникари успеале да спасат живот на едно маченце извлечено од запален стан.
Од Русија денеска ни пристигнува емотивно видео, на кое се гледа како пожарникари го масираат срцето и внесуваат кислород во устата на една мачка, која се отровила од дим во запален стан во Волгоград.
Иако прилично долго не давала знаци на живот, пожарникарите, после непрекинати молби на сопствениците на мачето, не се откажале и успеале да и го спасат животот.