Руски психолог објаснува: Дали мажите всушност сакаат „спонзоруши“?

Контроверзен руски психолог го опиша типичното однесување на Европејките и откри како треба да располагате со парите за да успее врската.

„Милиони парови се караат, се расправаат и раскинуваат поради пари. И тоа без разлика во која било фаза од врската биле и без оглед на нивото на богатство што го имале. Значи, не е важно дали сте во брак или само се забавувате, без разлика дали сте милионери или хипици. Парите се тест на врската, тие го покажуваат нивото на грижа, доверба и одговорност помеѓу мажот и жената“, напиша во текстот за Econet.ru рускиот психолог Јарослав Самољов, предавач на рускиот онлајн Институт за практична психологија, специјализиран за машко-женски односи.

Овој психолог во неколку наврати истакна дека најчест „камен на сопнување“ во партнерствата се парите, без разлика колку имаме или немаме. Како што пишува тој, жените најчесто заземаат еден од овие два става кога се во прашање парите - или бараат да ги третирате како рамноправен партнер, или очекуваат да ги опсипувате со „кавалерски“ подароци...

„Непријатно ми е“ е омилената фраза на жените кои се поддржувачи на „европскиот менталитет". Главниот страв на таквите жени е да не се почувствуваат како некој да ги издржува. Значи, тие играат улога на рамноправен партнер, сопатник, и кај нив се чувствува „на километар“ дека се чесни, смета Самољов.

„Мажите, секако, ја ценат скромноста, но и кога жената не знае да прифаќа подароци, помош, внимание, таа престанува да биде женствена, а партнерот нема потреба да ја штити, да ѝ дава, да ѝ угодува. Тогаш жените се изненадени – ‘Зошто мажот пријателски ме тапка по рамо и не ја гледа жената во мене?’“, објаснува тој.

Од друга страна, женскиот принцип „дај, дај, дај“ создаде стереотип дека на жените (особено на убавите) им требаат само пари. Во вистински, здрави односи, нема побарувачка од потрошувачите. Има размена - кога мажот вложува и ги покрива потребите на жените, а таа ја поттикнува неговата машкост и го прави успешен. Со други зборови, жените и мажите се како суштества од ист екосистем. Секој од нив ослободува одредена количина на енергија за да го одржи другиот поединец во живот, смета психологот.

„Мора да разговарате. Секој нормален човек има финансиски цели. Тоа може да биде ваш сопствен бизнис, купување стан, нов автомобил, што и да е! Логично - бара инвестиции. Дури и ако едно лице е добро ситуирано, размислете за неговите аспирации. Дури ни милионерите не се буриња без дно што ќе даваат пари за што ќе посакате. Разговарајте сериозно со партнерот за целите. Пред брак. Во спротивно, проблемите ќе се претворат во статус на семејни проблеми. Оттука - војната за паричникот во бракот!“, напиша психологот.

Ставовите на Јарослав Самољов предизвикуваат спротивставени мислења, едни го сметаат за генијалец, а други го отфрлаат поради неговата директност.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе