Руски стоматолог сам си вади заб пред огледало
Стоматологот Рустам Јакјајев од Русија сам си извади умник со помош на огледало.
Некое време го мачел забот, а немал асистент, па решил сам да си помогне.
Тој вели дека си направил претходно рентген снимка што покажала дека забот е оштетен и дека морал да го извади.
„Не ми беше тешко, а не беше ни болно бидејќи претходно си ставив анестезија“, рече 24-годишниот стоматолог.
*Внимание: Видеото може да ве вознемири