Свет

Руски воен авион влезе во воздушниот простор на Естонија

20. мај 2019 - 17:40 | МИА
Талин, 20 мај 2019 (МИА) – Руски воен авион накратко влезе во воздушниот простор на Естонија, која е членка на НАТО, по што на разговор во Талин беше повикан рускиот амбасадор.

Според денеска објавената информација, рускиот авион „Тупољев Ту-154“ во саботата помалку од минута бил во воздушниот простор на Естонија, близу островот Вајндло во Балтичкото Море.

Естонија најави дека на рускиот амбасадор ќе му предаде нота за овој инцидент, кој е прв оваа година. 

Коментирај