Млад руски војник ќе ги помине следните шест месеци во сурови затворски услови откако поради непромисленост и несмасност запали воен тенк на терен во Крим.
Војникот Семен Мережњиков ископал дупка покрај оклопниот транспортер БТР-82 за да запали оган внатре и да си го подгрее ручекот во конзерва.
Меѓутоа, пламенот го зафатил тенкот чија вредност се проценува на 450.000 евра. Бидејќи оклопното возило било покриено со маскирна мрежа и сува трева, пожарот за кратко време се раширил и целосно го уништил возилото.
Оваа незгода можело да има уште понесреќен крај бидејќи на видеото се гледа како војникот, обидувајќи се да му објасни на надредениот офицер што се случило, го гаси рачниот лансер за гранати што исто така бил зафатен од огнот.
Војникот е казнет со шест месеци затвор во строги услови.