Рускиот Rolls Royce SUV пристигнува во март, Арапите чекаат ред за да го купат

SUV возилата забележуваат тренд на пораст на популарноста, а ова го забележа и руската компанија Aurus, која реши да произведе посебно луксузен автомобил од овој сегмент. Министерот за индустрија и трговија во владата на Русија, Денис Мантуров, најави дека првиот прототип за новиот Aurus Komendant ќе пристигне овој март.

Руската верзија на елитниот Rolls-Royce Cullinan ќе биде наречена Aurus Komendant, а се очекува дека најголема побарувачка за овој модел ќе има кај купувачите од Блискиот исток.

Со оглед на тоа дека 36% од вкупните сопственички акции во компанијата Aurus му припаѓаат на арапскиот холдинг Tavazun, постои можност дека рускиот автомобилски производител ќе ги прошири погоните и ќе произведува дел од возилата на територија на Обединетите Арапски Емирати.

Новиот SUV Aurus Komendant е базиран на лимузината Senat од истата компанија, која дебитираше на пазарот во август минатата година.

Според очекувањата, автомобилот би требало да биде опремен со 4,4-литарски V8 бензински мотор кој во комбинација со деветостепениот автоматски менувач испорачува скоро 600 коњски сили и 880 Nm.

Во меѓувреме, на почетокот на следниот месец на престижниот Саем на автомобили во Женева, Aurus премиерно ќе го претстави моделот Senat пред европската публика.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе