Руските експерти ја одобрија првата фаза на производство на Спутник V во Србија

Делегацијата на руски експерти го одобрија почетокот на првата фаза на производство на руската вакцина против коронавирусот Спутник V на институтот Торлак во Белград, изјави денеска министерот задолжен за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, додавајќи дека производството може да започне за два или два три месеци, јави дописникот на МИА од Белград.

Поповиќ изјави дека делегацијата, во која се претставници на Министерството за индустрија, Фондот за директни инвестиции и Руската агенција за лекови, е задоволна од она што го видела во Торлак, соопштија од неговиот кабинет.

– Првата фаза е прелиминарно одобрена и таа можност постои за два или три месеци, со мали измени. За неколку дена ќе добиеме писмен извештај, кажа Поповиќ, кој со тимот на руски експерти ја посети лабораторијата во Торлак.

Тој прецизираше дека првата фаза на производството вклучува транспорт на супстанцијата од Русија, полнење на ампули на Торлак и пакување и дистрибуција на вакцината во Србија и во регионот.

Поповиќ кажа дека во следните 10 или 15 дена, во Србија ќе дојде друга група експерти од Русија за да ги утврдат можностите за втората фаза на производство, односно целосниот циклус на производство во Торлак.

– Што се однесува до втората фаза, потребни ни се уште неколку посети со цел да имаме целосни технички информации за тоа што е потребно, но според прелиминарните информации и заклучоците на рускиот тим, таа фаза е многу можна, кажа Поповиќ. 

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе