Руските научници откриваат: Путин поседува златен ген

Ужасот од тригодишната опсада на Ленинград од страна на нацистите во текот на Втората светска војна оставил последици на генетскиот код кај граѓаните на Санкт Петербург, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, кој е роден само неколку години после окупацијата.

Дека не станува збор за обична научно-фантастична претпоставка, или теорија, доказ е и филмот „Blockade Blood, Genetics“ во режија на Елеонора Лукијанова, кој на 18 јануари го гледале функционери од Министерството за култура, како и ветерани од Втората светска војна.

Окупацијата на Ленинград од страна на германските и финските сили во текот на Втората светска војна траела 872 дена, во текот на кои жителите на најоскудни начини се бореле да преживеат – јаделе глувци, сопствени домашни миленичиња, па дури и лепак, само за да преживеат, а важна улога имало донирањето на крв на војниците повредени во борби со нацистите.

Од почетокот на нацистичката инвазија на Советскиот сојуз 22 јуни 1941 година, па до крајот на таа година, 25.865 луѓе дале крв за повредените војници во замена за малку храна.

Во однос на тоа дека е креирана посебна крвна супстанца која содржи 10 проценти од крвната група нулта, граѓаните на денешниот Санкт Петербург имаат таканаречен „златен ген“ – поточно генетска мутација која, според мислењето на психолози, ги обединува во една иста психолошка бихевиористичка група.

Како се манифестира тој ген?

Како што се претставува и во филмот, жителите со овој супер ген имаат „многу поголема одговорност за она што се случува во земјата и градот“. Како наједноставен пример за тоа наведен е и рускиот претседател Владимир Путин, кој е роден во 1952 година, само неколку години после окупацијата.

И за него е ова многу болна тема, а повеќе пати јавно говореше и пишуваше за членовите на семејството кои ги загубил во текот на опсадата на градот, вклучувајќи го и својот постар брат.

Приказните за „златен ген“ ги потврдува и истражување на институтот за гинекологија и акушерство во Санкт Петербург.

Уште пред неколку години тие анализирале група на луѓе која ја преживеала окупацијата и пронашле три генетски мутации кои се поврзуваат со поефикасен метаболизам кај луѓето кои гладуваат.

Генетичарот Стивен О’ Брајан вели дека откритијата на споменатиот институт се „фасцинантни“, но предупреди дека малку примероци од преживеаните ги направиле резултатите „многу потешки за интерпретација“.

Сепак, Русите ја искористија оваа приказна за да го карактеризираат Владимир Путин како суперчовек, а за неговите авантуристички подвизи и необјаснета сила во 65 година од животот, се чини дека конечно имаат објаснување.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе