Руско-сириска поморска парада
Денот на морнарицата Русите го прославија и во Сирија со одржување на поморска парада на бродови и подморници.
Парадара се одржа во водите на Средоземното Море крај сирискиот пристанишен град Тартус, втор по големина крајбрежен град по Латакија.
Во главно учествуваа руски пловни објекти, но имаше и по некој од сириската армија. Продефилираа и познатата подморница „Новороссийск“, фрегатот „Адмирал Макаров“, потоа Су-24 бомбардери, Су-34 и Су-35 борци, како и други.
Главните паради се одржаа во водите на Балтикот кај Санкт Петербург и Кронштат.