Рускоска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Скопје, 19 септември 2021 (МИА) – Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска во интервју за Радио слободна Европа.

– Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, посочува Рускоска во интервјуто.

Потврди дека се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

Рускоска вели дека и случајот „Империја“ е во завршна фаза, а најавува и дека по истекот на мандатот нема да се кандидира повторно за прв човек на Обвинителството.

Во врска со истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, на прашањето дали се повикани сведоци на распит, Рускоска вели дека тие не можат да повикаат сведоци, бидејќи не ја водат истрагата.

– Наш дел е само во јавната набавка, да се разгледа документацијата, да се анализира и потоа да се одлучи што понатаму.  Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници или во тој дел ако е повреден тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово, вели таа.

Во однос на тоа доколку се утврди дека потписот на министерот за здравство Венко Филипче не фигурира, односно дека набавката одела преку Министерството за труд и социјална политика дали тогаш Филипче не би бил предмет на истрагата, Рускоска вели да не се навлегува во шпекулации.

– Прво треба да ја видиме документацијата па евентуално ако сметаме дека нешто во делот на набавките не е во ред ќе се одлучува кој и дали ќе биде повикан, дали како сведок, дали како лице од кое се бараат потребни известувања затоа што тоа се ќе биде во предистражна постапка, истакна Рускоска во интервјуто.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе