Рускоска не знае каде е Јанева, двајца обвинители од СЈО побарале да дадат исказ

Обвинителката Вилма Рускоска не знае каде е специјалната обвинителка Катица Јанева, која минатата недела си поднесе неотповиклива оставка, а неколку часа подоцна беше отворена истрагата за случајот „Рекет“, во кои се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Рускоска во интервју за емисијата Код вели дека Јанева не била под ПИ мерки и оти таа лично не верува дека избегала од државава. Тука имала живот и семејство и не верува дека би го сторила тоа обвинителката, која еден ден по оставката, од 16 јули е официјално на боледување.

Двајца обвинители од СЈО стапиле во контакт со Рускоска. Таа појасни дека тие прашувале дали треба да дојдат во Обвинителството да дадат исказ.

Телефонот на Јанева е конфискуван заради истрагата, но се појавија информации дека таа имала и друг телефон, а Русковска вели дека додека не се утврди каде е вториот телефон не може да шпекулира за тоа.

За рекетираниот бизнисмен вели дал пари за да биде олеснета постапката против него. Боки 13 и Миле Кичеец зеле 1,5 милиони евра, засега неофицијално од бизнисменот Орце Камчев, прво зеле 500 илјади евра, стигнале до 1,5 милиони, а целта им била осум милиони евра.

-Парите се дадени заради олеснување на постапката, вели Рускоска за Код, додавајќи дека случајот кај неа го пријавил лично премиерот Зоран Заев.

Тој имал средба со Русковска и јавниот обвинител Љубомир Јовески меѓу двата круга од претседателските избори заради некои одлуки за екстрадиција и на крајот од состанокот им кажал дека сака да пријави кривично дело рекет.

-Премиерот ми рече дека до него има доставено пријави и се одлучивме да почнеме од сведокот, рече Рускосвка без да споменува имиња.

Сведокот дошол лично во Обвинителството и го пријавил рекетирањето.

Истрагата за Боки 13 и Миле Кичеец е отворена во мај со сите снимени средби, а Рускоска вели дека засега немаат докази дека имало уцени со снимки од бомбите.

-Немаме доказ дека со снимки кои ги поседува СЈО се уценувани бизнисмени, што не значи дека во натамошниот тек на истрагата нема да дојдеме до такви докази, вели Рускоска.

Во однос на тоа на кого се однесуваат псевдонимите Кики и Фрики, Русковска рече дека сведокот не споменувал политичари.

Нагласи дека се сослушувале и други бизнисмени кои можеби биле цел на рекетот.

-И во предистрагата и во истрагата се испитуваат и други лица, односно сведоци кои дале или одбиле да дадат пари на тие кои им барале. Како обвинителство се залагаме како доказ да не бидат земени само изјави на поединци, бараме и дополнителни докази, истакна Рускоска.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе