Рускоска: Новото обвинителство може да го отвори од почеток „Империја“

Скопје, 20 јули 2019 (МИА) – Новото обвинителство најавено со Предлог законот што го објави вчера премиерот Зоран Заев може да го отвори од почеток предметот „Империја“, рече шефицата на Обвинителството за гонење  организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.

– Не, мислам дека не. Откако Врховниот суд го донесе тоа несреќно мислење, сметам дека и да остане така сега новото обвинителство може да го почне од почеток, да ги собира доказите, апсолутно сметам дека кој било од предметите ако има доволно докази и ако не застари, нема да пропадне, посочи Рускоска, прашана дали отворањето на случајот „Рекет“ може да го поништи предметот „Империја“.

Рускоска, според предлогот од премиерот Зоран Заев, ќе раководи со обвинителството во кое со новиот закон за јавно обвинителство се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Давањето поткуп или рекет, наведе обвинителката, е кривично дело, но, има едно големо но, ако тој го пријавил кривичното дело, тогаш се ослободува од одговорност. Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Јас реков – не, кога ќе излезе, ако излезе од домашен притвор, кога сака може да дојде, посочи, меѓу останатото Рускоска.

Долго време ја работеле предистрагата за „Рекет“, бидејќи, посочи, имало сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО.

Како што објасни, сведокот отишол кај премиерот, му предочил мал дел од доказите што ги има по што премиерот ги информирал неа и јавниот обвинител Љубомир Јовевски дека има сознанија за сторено кривично дело и дека сака да дојде да поднесе кривична пријава. Со Јовевски го советувале дека е најдобро да дојде сведокот сам да пријави затоа што во секој случај знае многу повеќе и има поголеми детали од она што го знае премиерот.

Појаснувајќи ја причината зошто сведокот првин се пожалил кај премиерот, Рускоска рече дека се работи за специфичен случај, затоа што првоосмничениот постојано бил во друштво со министри, обвинители, судии и, нагласи, едноставно луѓето немаат доверба.

Иако немаат, како што појасни, снимки од снимени комуникации, туку аудио и визуелни снимки од домот на сведокот,  тие ќе може да се користат затоа што, како што потенцираше, и Венецијанската комисија се има изјаснето дека кога е во прашање јавниот интерес снимки кои се прибавени на нелегален начин можат да се користат како доказ во постапката.

Рускоска вели дека од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не е побарана посебна истражна мерка за Катица Јанева. – Ние не ја следиме, а дали некој друг ја следи тоа не знам, рече Русковска, дополнувајќи дека не се виделе со Јанева, освен истражителите кога биле во нејзиниот дом со наредба за одземање мобилни телефони. Вториот телефон не е најден се уште, а за одземениот има наредба за вештачење кое очекува да биде готово задутре.

Покрај од сведокот, имало и други пријави поврзани со случајот и во тек на предистрагата која траела 2,5 месеци. Има, како што рече, и нови пријави за суми од над 500 илјади евра. Сепак за се што ќе се пријави треба да се обезбедат докази, потенцираше Рускоска.

Како што рече, не била консултирана за новиот закон за јавно обвинителство и била изненадена од објавата за него. Веројатно ќе има некои забелешки за законот кој се уште не го видела детално. Сметам дека Вишото обвинителство треба да ги застапува предметите на новото обвинителство пред Апелацискиот суд, рече, меѓу останатото, Рускоска. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more
 

Вести

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе