Рускоска: Парите од „Меѓународен сојуз“ завршиле во куќата на родителите на Боки 13

Имаме доста материјални докази кои главно произлегоа од вештачењето од телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски. Што се однесува до парите кои се подигнати од страна на Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Кристина Блажевска, имаме точно локациски од вештачењето на телефонот дека завршуваат во куќата на неговите родители, имаме и слика, имаме и локација, изјави обвинителката Вилма Рускоска денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Додаде дека имаат материјални докази што одат во поткрепа на обвинението, но и сведочења особено  на Агапи Дика и на Лилјана Тодоровска…  за тоа како се одиграло потпишувањето на договорите, преговарањето во „Меѓународен сојуз“ и исказите на оштетените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Рускоска рече дека на кратко во воведните зборови кажала дека тие се обврзале дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште, а донекаде и субвенционирање од страна на државата.

– Подетлано за ова ќе видите од самите материјални докази, како и од сведочењата. Што се однесува до перењето пари исто така, не за Бојан, туку за осомничените Јасна Мандиќ и Миле  Јовановски образложив зошто сметаме дека кај нив постои перење пари, односно дека парите што ги добил Бојан Јовановски по пат на измама им ги давал на нив да ги уплаќаат како позајмици или враќање на позајмици или донации на БМЈ медија груп, а склоп на оваа компанија беше и 1ТВ, рече Рускоска.

На новинарско прашање, Рускоска рече дека Бојан Јовановски се служи со лични квалификации.

– Тој е обвинет. Мене прво ме направи коруимпиран обвинител, па со ништо не успеа тоа да го докаже и секакви квалификации користи што не му доликуваат. Така да, јас кажав дека може да смисли еден девијантен пример, јас не реков кој. Јас никого до сега ниту во „Рекет“, ниту во овој предмет имам намера лично да навредувам затоа што тоа не е во правец на докажување на фактичка состојба. Бојан и во претходниот случај, а и сега се служи со лични квалификации, рече Рускоска.

На прашање за истрагата за случајот „Империја“, Рускоска рече дека предметот е даден на вештачење.

– Ќе се изврши материјално финансиско вештачење на предметот, затоа што сѐ уште има неколку сведоци да се сослушаат, ама тие паралелно додека тече вештачењето ќе се сослушат неколкуте сведоци за кои колешките сметаат дека се неопходни, истакна обвинителката.

Во врска со предметите од поранешното СЈО, Рускоска рече дека кога почна преземањето на предметите, прво од ЈО на РСМ, па после со оглед на кривичните дела се распоредуваат што кај нас, што во ОЈО во Скопје решиле сите предмети кои се пред крај со истражна постапка или пред крај со предистражна постапка прво да одат на реферирање во ЈО на РСМ па после да се донесе одлука што понатаму со предметите, дали ќе се отвори истрага или дали треба да  се надополни истрагата или да се поднесе обвиненија.

– Така да сѐ уште ниеден од тие предмети не е рефериран, додаде таа.

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, денешното судењето за „Меѓународен сојуз“ привремено беше прекинато на 30 минути и беше повикана брза помош.

За случајот „Меѓународен сојуз“ обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе