Рускоска: Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не како вешто лице

Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не беше викнат во својство на вешто лице да дава свое мислење. Тој не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите. Апсолутно не се сложувам со изјавата дека биле изманипулирани, изјави обвинителката Вилма Рускоска, по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Обвинетите, посочи таа, не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.

– Се надевам дека судот при носење на одлука ќе ги цени како материјалните докази што беа предложени од обвинителството, што ќе бидат предложени од страна на одбраната, така и изјавата на сведоците, па врз основа на сето тоа дека ќе донесе правилна и законита одлука, изјави Рускоска.

Во однос на тоа дали премиерот Зоран Заев досега споделил нешто вакво со неа, со оглед дека беше сведок и во претходната постапка, Рускоска, рече дека денеска се појави во својство на сведок на одбраната.

Прашана дали ќе отвори истрага по исказот на Заев, Рускоска, рече дека тој дал свое мислење, и не може да се отвори истрага за дадено мислење. 

реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе