Ф1

Руското ГП би можело да се пресели од Сочи во Санкт Петебург

27. септември 2019 - 17:11 | Ф.З.

Поради слабата посетеност на трките во градот Сочи, Русите сериозно разлислуваат од 2021 година да ја преселат трката во гламурозниот Санкт Петебург.

Во 2014 година Русија влезе во календарот на Формула 1 со новата и ултрамодерна патека во Сочи. Тоа беше првпат Формула 1 да се вози во Русија по оние две трки во далечните 1913 и 1914 токму во Санкт Петебург.

Но, посетеноста на прилично изолираниот кавкаски град Сочи е далеку од она на кое се надеваа Русите, па дури претседателот Владимир Путин реагирал дека е потребна преселба.

Санкт Петербург беше домаќин на оние трки пред повеќе од 100 години, а сега ќе треба од корен да се гради нова патека. Планот на Русите е да ја изградат до 2021 кога би требало официјално да ја замени онаа во Сочи на календарот на Ф1.

Руското ГП во Сочи ќе се вози в недела, а како што стојат работите ќе биде претпоследно во овој град.

За разлика од Сочи, величествениот Санкт Петербург привлекува милиони туристи годишно, претежно од Европа поради одличната авионска поврзаност, па отткука и предноста за Ф1 трка.

Коментирај