Македонија

Русковска: Јанева влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13

3. декември 2019 - 13:17 | МИА

„Жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава“, рече јавниот обвинител Вилма Русковска во воведниот говор на судското рочиште за „Рекет“.

– Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13, изјави Русковска.
 
Обвинителството, рече Русковска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.


– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Русковска.
Може ќе чуете, рече Русковска, дека Камчеви први побарале и молеле за помош, но не е така.

– Ќе изнесеме докази дека Боки 13 преку Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева. Обвинетиот Кичеец може ќе слушнете дека сè што направил било да му помогне на Камчев зошто го чувствувал како брат, но ќе видите и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари, изјави Русковска.

Претходно, Јовановски и Јанева се изјаснија дека не чувствуваат вина, додека Зоран Милески – Кичеец го призна делото за „Рекет“.

Откако Кичеец ја напушти судницата, процесна забелешка даде адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека не им бил дозволен увид во содржината на USB кое го доставил третообвинетиот Милески-Кичеец до Обвинителството.

-Доколку би ја занаеле содржината на овој доказ можеби нашата одбрана би се движела во друг правец, рече Дуковски.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава  поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милески.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинетата Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Коментирај