Русковска: СЈО треба да ни ги предаде случаите, обвинителството не може да бара да ги преземе

Скопје, 31 јануари 2019 (МИА) – Според постоечкиот Закон што се уште важи за Специјалното јавно обвинителство, тие треба да ни ги предадат предметите. Доколку не ни ги предадат, ние според тој Закон не можеме да ги побараме и да ги преземеме, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска, прашана дали би ги преземале предметите од СЈО за тие да не пропаднат, по вчера изнесеното начелно правно мислење на Врховниот суд.

Прашана дали прислушуваните разговори ќе бидат докази и на јавното обвинителство доколку ги преземат случаите, Русковска, рече дека нема причина зошто не би биле.

„Доколку се сеќавате, кога тие снимки беа предложени како доказ од страна на СЈО, судот првостепениот ги одби, не ги прифати, но по одлука на Апелациониот суд тие станаа докази во предметите. Нема зошто таа одлука да не важи, не е битно кој постапува по предметот и кое обвинителство. Сите сме обвинители и одлука на суд е одлука на суд“, рече Русковска.

Посочи дека тоа е нејзино мислење, а доколку им бидат предадени предметите и почнат да постапуваат, ќе видиме што ќе се случи.

Врховниот суд на Република Македонија, вчера соопшти дека СЈО не може да поднесува обвиненија по истекот на рокот од 18 месеци.

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, што не може да биде пречекорен, сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“, беше наведено во правното мислење објавено на веб страницата на Врховниот суд на РМ по одржаната општа седница.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе