Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта.

Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик, а за другите четворица – тогашниот директор на претпријатието, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата се води постапка за кривични дела што опфаќаат злоупотреба на службената положба и овластувањето и фалсификување службени исправи.

Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 8.8.2022 година, со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување 24/7 на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако во согласност со потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена, а на договорниот орган му фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување за целиот период на договорот сѐ до неговото раскинување.

Тогашниот директор на јавното претпријатие Ејуп Рустеми бил должен да се грижи за законитоста во работата и за примената на прописите, статутот и другите акти, како и да врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите, но не ја извршил таа должност и го пропуштил должниот надзор над носителот на јавната набавка иако знаел дека физичкото обезбедување се врши само делумно.

Двајца осомничени раководители на одделението за наплата на патарини и контрола исто така имале задолжение да го следат договорот, како и неговото исполнување, да вршат контрола во извршувањето, одобрување работни налози за извршување на услугата, испратници, следење на квалитетот на извршените услуги и проверка на достасаните фактури и да изготвуваат извештаи дали договорот е целосно реализиран. Таквите контроли не ги вршеле во целост и иако знаеле дека обезбедувањето се извршува само делумно, најчесто во прва смена, ги потпишувале барањата за одобрение за плаќање.

Вториот потписник на договорот бил запознаен со бараната спецификација, но и покрај тоа ги одобрувал барањата и одобренијата за плаќање по што ги одобрувал и достасаните фактури, кои потоа биле реализирани во корист на агенцијата за обезбедување.

На овој начин другите осомничени на осомничениот носител на набавката му овозможиле да прибави противправна имотна корист во износ од 46.918.079 денари и со тоа му нанеле штета од големи размери на Јавното претпријатие за државни патишта.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, а за другите се предложени мерки на претпазливост, соопштија оттаму.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Read more

Македонија

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Read more

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Read more

Јаневска: Новиот закон нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите

Read more

Холандија донира специјализирани возила за МВР за превоз на мигранти и затвореници

Read more
 

Вести

САД ги вратија санкциите на руската нафта

Читај повеќе

Русија објави мапа на локации во Европа: Ова се мети. Спијте мирно, партнери

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најсмртоносните руски напади врз Украина: Најмалку 17 мртви

Читај повеќе

Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Читај повеќе

Прилепчанец во три дена ограбил малолетник, жена и аптека

Читај повеќе

Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Читај повеќе

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Читај повеќе