Арина Сабаленка ја освои титулата на УС опен во женска конкуренција.
Белорусинката во големото финале по голема борба и 114 минути игра ја совлада шестата светска тенисерка, Американката Џесика Пегула, со 7:5, 7:5.
Сабаленка, во своето второ финале во Њујорк, ја освои првата титула на Флешинг Медоус. За девојката од Минск ова е трета Грен слем титула во кариерата, две има во последните две години во Австралија.
Белорусинката во краток период ја победи Пегула, пред три недели таа ја победи и во финалето на мастерсот во Синсинати.
Сабаленка ја потврди силата на бетон, ова беше нејзина 27. победа во 28 Грен слем меча на бетон во последните две години.