Сабота и недела неработни, породилно отсуство 1 година и зголемување на минималната плата, бара ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение излезе со неколку барања и укажувања кои, како што вели, ќе бидат почетна основа за преговори со социјалните партнери и од кои нема да отстапи без оглед на тоа кој ќе ја формира новата Влада.

ССМ предлага во новиот Закон за работни односи да бидат прогласени сабота и недела за неработни денови, породилното отуство да биде 12 месеци, а договорите на определено време да се користат само во исклучителни услови и да бидат со траење до една година. Се предлага и работодавецот во рок од 30 дена по доставен писмен предлог од Колективниот договор да ги започне преговорите.

Синдикатот бара и воведување на бенифициран стаж за градежните работници и за оние работници кои работат во тешки услови кои влијаат штетно на здравјето, како и пензија по дејности односно со закон да се предвидат едни услови за пензионирање на пример за градежен работник, текстилен работник или рудар од оној работник кој работи во администрација.

Дел од предлозите се и старосна пензија по работен стаж, односно 35 години работен стаж за жена и 40 години за маж, без оглед на годините на возраст, како и право на работникот на предвремена пензија која би се остварила под услови возраст од 60 години со минимум работен стаж од 15 години. Се предлага и неполна старосна пензија по возраст, односно да им се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурурвање доколку го немаат исполнето условот од минимум 15 години работен стаж.

Од ССМ сметаат дека постои реална потреба и за зголемување на минимналната плата најмалку 60 проценти од просечната плата во државата и заболувањето од COVID-19 кај сите работници да се третира како професионална болест со право на 100 проценти надомест на плата.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе