САД ги најдоа остатоците од авионот F-35 кој го бараа од неделата

Воените власти пронајдоа остатоци од воен авион F-35 кој исчезна откако пилотот се катапултираше над Јужна Каролина. Според информациите, пилотот бил примен во болница, но е стабилен.

Остатоците од авионот вреден 100 милиони долари што исчезна во неделата попладне беа откриени во руралниот округ Вилијамсбург, соопштија властите.

Пилотот се катапултирал од пилотската кабина и паднал со падобран на безбедно во населбата Северен Чарлстон. Дури и од јавноста се бараше  да помогне во пронаоѓањето на авионот.

Во соопштението од понеделникот, воените претставници рекоа дека остатоците биле пронајдени „два часа североисточно од заедничката база Чарлстон“.

URL

Официјалните лица ја фокусираа својата потрага околу езерата Мултри и Мерион, северно од градот Чарлстон, последната позната локација на авионот.

„Остатоците од исчезнатиот авион се пронајдени“, изјави воен портпарол за BBC.

„Несреќата моментално е под истрага и не можеме да дадеме дополнителни детали за да го зачуваме интегритетот на истражниот процес“, изјавија маринците во понеделникот по завршувањето на потрагата.

Од јавноста е побарано да се држи подалеку од областа за иследниците да можат да ја завршат својата работа.

„Борбениот авион бил оставен во режим на автопилот кога пилотот се катапултирал“, изјави портпаролот на заедничката база Чарлстон за NBC News, додавајќи дека можеби бил во воздух некое време, што го искомплицирало неговото пронаоѓање.

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Свет

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Read more

Новоизбраниот премиер Фицо: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Read more

Моравјецки: Не заборавајте го ова, господине Зеленски

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе