САД ги предупредија Русија и Кина околу Арктикот

Рованиеми, 6 мај 2019 (МИА) – САД ги предупредија Кина и Русија дека Вашингтон нема мирно да ги набљудува нивните „агресивни” потези во регионот на Арктикот, кој со зголемувањето на температурите и топењето на мразот, забрзано се отвора за развој и трговија.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео рече дека САД се натпреваруваат за влијание на Арктикот и се трудат да ги спречат обидите на другите земји тој регион да го направат свој стратешки простор.

„Тој регион стана арена на глобалните сили и натпреварувања и осумте арктички земји треба да се прилагодат на оваа нова иднина“, рече Помпео во говорот на Арктичкиот самит во Финска.

Државниот секретар на САД оцени дека Арктикот би можел да стане Суецки или Панамски канал во 21. век.

Тој рече дека на Арктикот треба да важи владеењето на правото за тој да остане мирен и ги критикуваше Кина и Русија поради праксата на принуда, која би го дестабилизирала крајниот север.

„Влегуваме во нова ера на стратешко ангажирање на Арктикот, заедно со новите закани поради интересите на Арктикот“, рече тој.

Помпео ги критикуваше обидите на Кина со големи инфраструктурни проекти да се вклучи во прашањата на тој регион, отфрлајќи го тврдењето на Кина дека е во непосредна близина на Северниот Пол.

„Постојат само арктички и неарктички држави. Не постои трета категорија“, рече Помпео.

Тој рече дека одговорните инвестиции на Кина се добредојдени во Арктикот, но дека „историјата на грабливи активности на другите места претставува причина за загриженост“.

Во сличен тон, тој се осврна и на Русија, предупредувајќи за нејзините намери во Арктикот.

„Знаеме дека руските територијални амбиции можат да станат насилни“, рече тој, посочувајќи на конфликтот во источна Украина.

„Тоа што Арктикот е место на дивината не значи дека треба да стане место на беззаконие“, заклучи Помпео.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе