САД го испратија разурнувачот Mason во Оманскиот Залив

Американската армија соопшти дека го испратила својот разурнувач Mason во реонот на Оманскиот Залив, каде вчера при експлозии беа оштетени два танкери.

Во соопштението на Централната команда на Вооружените сили на САД се наведува дека Вашингтон не е заинтересиран да се ангажира во нов судир на Блискиот Исток, но дека има намера да ги брани своите интереси во регионот.

Разурнувачот Mason е упатен кон местото каде вчера одекнаа експлозии и избувнаа пожари на еден јапонски и еден норвешки танкер.

Норвешката поморска агенција соопшти дека биле регистрирани три експлозии на норвешкиот танкер Front Alter додека јапонската компанија BSM информираше дека бил извршен напад врз нејзиниот танкер Kokuka Courageous.

Засега нема официјални потврди за причините за експлозиите. Првично беше соопштено дека е можно еден од танкерите да бил погоден од торпедо, но американската Армија денеска објави видео запис на кој, како што тврди, се гледа како припадници на иранската Револуционерна гарда отстрануваат неексплодирана мина од еден од двата танкери.

Армијата објави и фотографија на која се гледа магнетна мина, за која се тврди дека била прицврстена на нападнатиот јапонски танкер за нафта, пред да ја отстранат припадниците на иранската Револуционерна гарда.

Портпаролот на Командата, Бил Урбан, соопшти дека брод на иранската Револуционерна гарда бил забележан како се приближува до јапонскиот танкер вчера во 16 часот и 10 минути по локално време.

– Тој е набљудуван и снимен како ја отстранува неексплодираната магнетна мина од танкерот Kokuka Courageous , додаде Урбан.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео уште вчера, повикувајќи се на разузнавачки информации, изјави дека зад нападите врз танкерите стои Иран.

Ваквиот американски став го поддржа и Саудиска Арабија, која соопшти дека се согласува со САД оти нападите се дело на Иран.

– Немаме причини да не се согласиме со американскиот државен секретар Помпео, изјави саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир, додавајќи дека Иран и „претходно правел вакви работи“.

Техеран од своја страна соопшти дека нема никаква врска со двата инциденти, посочувајќи дека „некој се обидува да ги дестабилизира односите меѓу Иран и меѓународната заедница“.

Во меѓу време се огласи и кинескиот претседател Си Ѓинпинг, кој изјави дека Кина ќе продолжи да развива стабилни односи со Иран и покрај актуелните случувања.

Низ Оманскиот Залив минува една од најпрометните траси за транспорт на нафта во светот, по двата инциденти цената на енергенсот на светските берзи се зголеми за околу четири отсто.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе