САД го поздравија руско-турскиот договор за Идлиб

САД го поздравија постигнатиот договор од страна на лидерите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, надевајќи се дека тоа ќе помогне за деескалирање на ситуацијата, соопшти претставник на Стејт департментот.

– Ја поздравуваме веста за договорот меѓу Турција и Русија, односно прекинот на огнот во Идлиб. Се надеваме дека тоа ќе помогне за деескалирање на исклучително опасната ситуација и ублажување на сериозната хуманитарна криза, истакна тој.

Според него, „САД со нетрпение очекуваат да ги разгледаат деталите за развој на ситуацијата со својот сојузник во НАТО, Турција, која се стреми кон траен прекин на огнот“.

– Сега е важно какви точно дејствија ќе бидат преземени во зоната на воени дејствија од страна на сирискиот претседател Башар ал-Асад и оние кои го поддржуваат. Тоа ќе покаже дали ќе се постигне трајно примирје. Единствен начин за решавање на тој конфликт е воспоставување примирје во целата земја и политичко решение преку преговори согласно резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, смета претставникот на Стејт департментот.

Путин и Ердоган вчера во Москва постигнаа договор за прекин на огнот, кој стапи во сила на полноќ и низа други мерки за решавање на ситуацијата во сириската провинција Идлиб. Од 15 март Русија и Турција ќе започнат заеднички патролирања низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр. Москва и Анкара се согласија за почитување на суверенитетот на Сирија и продолжување на борбата против тероризмот.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе