САД го зголемуваат притисокот над Иран - Воведуваат нови санкции

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот над Иран со нови санкции.

Имено, САД воведe нови санкции за пет граѓани на Иран, поради поддршка на шиитските протестанти во Јемен.

Американското Министерство за финансии соопшти дека петте Иранци ќе бидат ставени на „црната листа“, поради тоа што им давале стручна помош на хутските протестанти, што им овозможила на нив да лансираат ракети во соседната Саудиска Арабија.

Овие пет Иранци или се припадници на иранската револуционерна гарда, или се поврзани со неа, пренесуваат светските медиуми.

Со овие санкции им се замрзнува каков било имот, кој би можеле да го имаат под јурисдикција на САД, а на Американците им се забранува да вршат било какви трансакции со нив.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во понеделникот истакна дека САД ќе ги зајакне напорите против групите кои му даваат поддршка на Иран, како што се Хути, либанската група Хезболах, палестинското движење Хамас, како и сириската влада, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи САД да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран.

Помпео од порано му се закани на Иран со „најсилни санкции во историјата“, во случај да не дојде до промени на курсот во владата во Техеран, но и додаде дека Вашингтон е подготвен да ги прекине сите акции и да воспостави полни дипломатски и трговски односи, ако Иран направи „големи промени“.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе