САД и Британија го ракетираа главниот град на Јемен откако Хутите нападнаа американски танкер

Макфакс
/ 25.02.2024 / 10:57

Јеменските бунтовници Хути го нападнаа американскиот танкер „MV Torm Thor“ во Аденскиот залив, соопшти денеска портпаролот на оваа милитантна група, Јахја Сареа, додека САД и Обединетото Кралство извршија воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен.

Групата го гаѓала танкерот со нафта „со неколку бродски проектили“, рекол Сареа.

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американскиот воен брод „USS Mason“ вчера соборил противбродска ракета истрелана кон Аденскиот Залив од територијата контролирана од Хутите. ЦЕНТКОМ додава дека ниту „USS Mason“ ниту „MV Torm Thor“ не претрпеле никаква штета, ниту пак има повредени.

Главната ТВ станица Al-Massira под контрола на Хутите, синоќа објави дека американските и британските сили извршиле серија воздушни напади врз главниот град на Јемен, Сана.

Американските и британските сили вчера извршија напади врз повеќе од десет цели во Јемен. Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, почнаа да гаѓаат комерцијални бродови на 19 ноември во знак на протест против израелските напади на Појасот Газа.

Како одговор, САД и Обединетото Кралство почнаа напади врз цели на Хутите во Јемен и ја нарекоа групата терористичка.

Тагови
реклама

Свет

Силен земјотрес во Турција

Read more

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Read more

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Read more

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Силен земјотрес во Турција

Читај повеќе

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Читај повеќе

Скопјанец обвинет за демнење на поранешната сопруга

Читај повеќе

Директор на центарот за култура во Охрид ја оштетил установата за 150 илјади денари

Читај повеќе

Голема полициска акција на повеќе локации

Читај повеќе
  • play_arrow

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Читај повеќе

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе