Свет

САД испраќаат десантен брод заради повлекувањето на војниците од Сирија

12. јануари 2019 - 11:04 | МИА
Вашингтон, 12 јануари 2109 (МИА) – Во правец кон Сирија американската армија испратила десантен брод што ќе биде поддршка за групата која ја напушта Сирија, објави Wallstreet Journal, повикувајќи се на неименувани американски воени претставници.

Тој брод и војниците ќе треба да осигурат безбедно повлекување и да дадат вооружена поддршка во моменти кога армијата е „најранлива“.

Станува збор за десантниот брод Кирсарџ на кој има стотици американски војници, неколку хеликоптери и авион.

Претходно, неименуван извор од армијата за Fox Newa потврди дека САД почнале со повлекување од Сирија и дека станува збор за повлекување техника, а не војници. 

Коментирај