Вашингтон одлучи да го напушти УНЕСКО поради резолуцијата на оваа организација која американската администрација ја смета за анти-израелска.
Претставници од американската администрација, кои сакале да останат анонимни, изјавиле за „Associated Press“ дека е донесена одлука за излез на САД од организацијата во момент додека трае процедура за избор на нов директор на УНЕСКО.
Вашингтон прекина да плаќа придонеси во буџетот на оваа агенција на Обединетите нации по одлуката да ја прими Палестина во 2011 година, но Стејт департментот ја задржа канцеларијата во седиштето на УНЕСКО во Париз за да го одржи своето влијание во оваа организација.