САД ја става Северна Кореја во листата на држави кои го поддржуваат тероризмот

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека САД ќе ја стави Северна Кореја на листата на земји кои го поддржуваат меѓународниот тероризам.

Трамп изјави дека кон Северна Кореја ќе бидат наменети уште санкции, тврдејќи дека Пјонгјанг одамна требало да се најде на листата и дека ова е дел од „кампањата за максимален притисок“ против оваа држава.

Моментално на листата се наоѓаат Иран, Судан и Сирија.

„Покрај тоа што на светот му се заканува со нуклеарно уништување, Северна Кореја во повеќе наврати ги поддржа чиновите на меѓународен тероризам, вклучувајќи и атентати на странска територија“, изјави Трамп.

Американски функционери како пример го наведоа атентатот на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун од минатата година, на меѓународниот авион во престолнината Малезија, Куала Лумпур.

Одлуката дали Северна Кореја ќе биде ставена на листата се разгледувала во администрацијата на САД, а некои функционери на Стејт Департмент изнесоа аргументи дека Северна Кореја не ги исполнила сите правни стандарди да се најде на оваа листа.

Со оваа одлука на САД, Северна Кореја повторно ќе се најде на оваа листа, прв пат од 2008 година, кога беа отстранети од листата со намера да се дојде до договор и да се стави крај на нивната нуклеарна програма.

Членовите на конгресот во САД вршеа притисок на Трамп повторно да ја стави оваа земја на списокот на држави кои го поддржуваат тероризмот, поради напредокот во ракетните и нуклеарните програми на Пјонгјанг.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more
 

Вести

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе