САД ќе објават имиња на лица од земјава кои ги прекршиле законите

Во САД се разгледуваат соодветни санкции за поединци кои ги прекршиле американски закони и норми. Веројатно во претстојните месеци ќе видиме едно или можеби неколку имиња. Овој одговор го даде амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер на прашање поставено на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“ што се одржа во Центарот за млади во заедницата (YCC) - Гостивар.

Прашањето се однесуваше на објавувањето список на корумпирани функционери во Северна Македонија и на тоа дали некои лица се под истрага на американската влада и институции.

– Нема само еден список. Всушност, има неколку бидејќи американската влада има неколку сектори кои се занимаваат со корупцијата и не е единствен список што доаѓа со многу имиња на него и тука да ја завршиме работата. Бидејќи, корупцијата тука е тековно прашање, не е дека ќе излезе некаков список и работата ќе престане, рече Агелер.

Таа потенцира дека Амбасадата на САД и нејзиниот тим се во постојан контакт со функционери во Вашингтон, со секторот финансии, со Стејт Департментот, Советот за национална безбедност, со конзуларното биро каде се разгледуваат визни санкции, економски санкции.

– Тоа е непрекинат процес при што се разгледуваат соодветни санкции за поединци зависно од тоа каков тип на американски закони и норми прекршиле и САД веќе да не ги прими. Веројатно во претстојните месеци ќе видиме име, можеби неколку имиња, но тие ќе излегуваат и во претстојните месеци и години, онака како што ќе се движат истрагите во Вашингтон, нагласи амбасадорката Агелер.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе