САД контра Ердоган: Ги отфрлаат сите опции кои вклучуваат две држави за Кипар

Соединетите американски држави отфрлаат какво било решение за Кипар кое би вклучувало две држави на територијата на Кипар, како што предложи деновиве турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, изјави министерката за надворешни работи на САД, Викторија Нуланд.

На прашањето за време на собраниското сослушување дали администрацијата на САД ја отфрла таквата опција, Нуланд одговори: „Да, апсолутно“.

„Сметаме дека само процес предводен од Кипрани, и двете зони, и двете заедници, може да донесе мир и стабилност на Кипар“, рече американскиот потсекретар за политички прашања.

Несигурен напредок во преговорите

За време на посетата на северниот, турски дел на Кипар, турскиот претседател Ердоган завчера рече дека „не може да се постигне напредок во преговорите освен ако не се прифати дека има два народа и две држави“ на островот. Островот е поделен помеѓу Република Кипар, членка на Европската Унија, која има моќ во јужниот дел на островот и самопрогласената Турска Република Северен Кипар, прогласена во 1983 година, што е призната само од Турција.

Турскиот претседател најави и продолжување на повторното отворање на Варош, кој стана град на духови по поделбата на медитеранскиот остров.

Преговорите за судбината на островот се во застој од 2017 година. Во април, обидот за рестартирање на разговорите организирани од ООН, кои ја надгледуваат тампон зоната помеѓу двата дела на островот, заврши безуспешно.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе