Здравје

САД: Лекари користат робот за комуникација со пациент заразен со корона вирус

26. јануари 2020 - 15:09 | Б.С.Б.

Првиот пациент заразен со кинескиот корона вирус во САД комуницира со робот и неколку доктори при лечењето, пренесува CNN.

„Роботот, опремен со стетоскоп им помага на докторите и комуницира со пациентот“, вели доктор Џорџ Диаз, шеф на одделот за заразни болести во Регионалниот медицински центар Провиденс, во Вашингтон.

Станува збор за пациент на возраст од 30 години, а е заразен со кинескиот корона вирус. На 19 јануари отишол на клиника за итна нега и на медицинскиот персонал и им кажал дека е загрижен поради можни појави на симптоми од новиот корона вирус, бидејќи неодамна отпатувал за Вухан во Кина.

Доктор Диаз вели пациентот е во стабилна состојба и останува во изолација. Употребата на робот го минимизира изложувањето на медицинскиот персонал на корона вирусот.

Коментирај