ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

САД на крајот со утешното 7-мо место, најслаб пласман во историјата на дрим тимот

Американците ја совладаа Полска, но и покрај тоа се изборија само за својот најслаб пласман во историјата на мундијалите.

Со 87:74 американските кошаркари ја победија репрезентацијата на Полска која во Кина беше едно од најпријатните изненадувања.

Донован Мичен забележа 16 поени и 10 асистенции, Џо Харис постигна 14 поени, Крис Мидлтон 13, а Дерик Вајт 12. Најефикасен на натпреварот сепак беше полски кошаркар и тоа беше Матеуш Понитка со неговите 18 поени. Кај Полјаците се истакна и Ај-Џеј Слотер со 15 поени, всушност натурализиран Американец.

За Полска осмото место е сепак одличен пласман со оглед на тоа што репрезентацијата првпат по 1967 година учествува на Мундијал. Всушност, тоа досега им беше и единствен настап, а тогаш во Уругвај беа петти.

Американците дојдоа во Кина со втор или можеби дури и трет тим откако најдобрите кошаркари поради повреди не беа во можност да настапат. Сепак, се очекуваше многу повеќе со оглед на тоа што сите доаѓаат од најсилната лига на светот. Се прогнозираше финале, а на крајот САД заврши со најлош пласман во својата историја. Претходно најлош пласман им беше шестото место во 2002 и тоа на домашен терен.

реклама

Мухамед Зекири со сопругата и ќерката се хоспитализирани со COVID-19

Read more

90 проценти од новозаболените во Скопје потекнуваат од 15 фамилии

Read more

Целосен викенд карантин за Скопје, Штип, Куманово и Тетово, делумен за остатокот од земјата

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Кошарка

МЗТ до КФМ: Парите назад или кривична

Read more

Стојмир Дејаноски е нов претседател на КК Гостивар

Read more

НБА првак истепа момче на улица, се правда дека нема врска со расизам

Read more

Влезот на Коби Брајант во Куќата на славните одложен за 2021

Read more

Спорт

  • play_arrow

10 најскапи откази на фудбалски менаџери

Читај повеќе

МЗТ до КФМ: Парите назад или кривична

Читај повеќе

Фудбалски рекордер: Украински клуб има 25 заразени со COVID-19

Читај повеќе

И после Ибра, Ибра

Читај повеќе

Карагер: Обамејанг е премногу добар за Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Холанд може да го пропушти мечот со Херта поради повреда

Читај повеќе
  • play_arrow

Фан на Барса направи видео компилација со „најдоброто“ од Роналдо

Читај повеќе

Барса сокрилa дека има пет играчи со коронавирус

Читај повеќе

ФИФА повика на здрав разум при санкционирањето на фудбалери кои бараат правда за Џорџ Флојд

Читај повеќе