САД не го потпишаа договорот за борба против онлајн екстремизмот

Вашингтон, 16 мај 2010 (МИА) – Белата куќа не ја потпиша меѓудржавната иницијатива наречена „Повик на Крајстчерч“, поддржана и од главните технолошки компании, за спречување на ширење екстремизам на интернет, пренесува дописникот на МИА од Вашингтон.

„Повикот на Крајстчерч“, договор што вчера во Париз го потпишаа девет земји и седум технолошки компании, е одговор на нападите во март врз две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд, при што загинаа 51 лице.

Текстот од три страници, изготвен од новозеландската премиерка Џасинда Ардерн и францускиот претседател Емануел Макрон, повикува на регулација на интернет службите заслужни за ширење на екстремистички содржини, без да се загрози слободата на говорот.

Белата куќа соопшти дека во принцип ја прифаќа „проценетата порака“ на оваа иницијатива, но дека „во моментов не е во состојба да се придружи“.

Според позицијата на САД, идеолошките разлики помеѓу улогата на власта и владеењето на слободата на говорот ја усложнува борбата против екстремистичките содржини на социјалните мрежи, како на пример терористичката пропаганда.

Договорот предвидува владите и технолошките компании како Facebook и Twitter, да дејствуваат координирано. Во случај на терористички напади се предвидува формирање на кризен план за споделување информации и моментно блокирање на емитувањето видео содржини кои прикажуваат насилство во живо. Видео стриминг алатките на Facebook беа искористени за емитување во живо на сцените од самите напади во Крајстчрч.

Администрацијата во Вашингтон од своја страна им дава слобода на самите компании да воведат свои правила и да забранат употреба на нивните платформи како алатки на терористите.

Потписници на договорот се Велика Британија, Индонезија, Ирска, Јордан, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Сенегал и Франција и компаниите Facebook, YouTube, Google, Amazon, Twitter, Microsoft и Daily Motion.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе