САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Пентагон одби на јавноста да ѝ прикаже фотографии и видеа од неидентификуваните летечки објекти кои беа соборени минатиот месец над Северна Америка.

Соборувањето на кинескиот балон беше веднаш објавено

Од Пентагон наводно признале дека поседуваат видео или фотографии од три неидентификувани летечки објекти кои американски воени авиони ги соборија на небото над САД и Канада во февруари, но дека нема да ги споделат со јавноста.

„Видеата од НЛО-ата се доверливи и не е во план да се промени нивниот статус“, во понеделникот изјави портпарол на Пентагон за британскиот весник Daily Mail. „Можам да ви кажам дека нема фотографии и видео кои можеме да ги објавиме. Снимките остануваа класифицирани“.

Одлуката овие снимки да се чуваат во тајност е тотално спротивна од одлуката на Пентагон за брзо објавување на снимките направени од американски воен пилот на кинескиот балон на почетокот од февруари. Американците беа брзи и при објавувањето снимен материјал од собирањето на остатоците на соборениот балон крај брегот на Јужна Каролина, неколку дена подоцна.

Откако тензиите поради кинескиот балон почнаа да растат, а администрацијата на претседателот Џо Бајден беше мета на лавина критики затоа што се дозволило балонот да се прошета низ континентот, американските воздухопловни сили соборија три неидентификувани летечки облекти (НЛО) помеѓу 10 и 12 февруари. Еден со големина на автомобил беше соборен над Алјаска, додека цилиндричен објект беше погоден над територијата на Јукон во Канада. Третиот НЛО беше пресретнат и соборен над езерото Хјурон. Сите три беа соборени со Sidewinder ракети.

Sidewinder ракета

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, пред новинарите минатиот месец изјави дека американската влада можеби никогаш нема да дознае што трите НЛО-а се. „Мораме да ја прифатиме можноста дека можеби нема да успееме да ги собереме остатоците“ на трите објекти.

Џо Бајден истакна дека НЛО-ата најверојатно се приватни летала и многу веројатно имале задача да го проучуваат времето или правеле други научни истражувања.

НЛО, или неидентификуван летечки објект, не секогаш значи објект од вонземско потекло. Едноставно, значи дека неговото потекло е непознато.

Некои шпекулираат дека бајденовата администрација намерно ги чува во тајност информациите за соборените објекти не поради безбедносен ризик, туку за да избегне јавен срам. Имено, група хобисти од Илиноис тврди дека нивен мал миларен балон исчезнал над Јукон отприлика истото време кога американската војска соборила НЛО во тој регион. Таквите балони чинат 12 долари, додека една ракета Sidewinder чини 472 илјади долари.

Според тоа, овде не се работи за прикривање вонземјани, туку едноставно прикривање на бламажа.

Како и да е, сѐ додека Пентагон останува на ставот за класифицираност на снимките, јавноста ќе развира бројни теории, а вистината ќе остане таму некаде.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе