Чек дис аут

САД: Одржувањето тоалети во новите носачи на авиони ќе чини 800.000 долари

26. март 2020 - 18:00 | МИА

Тоалетите на два aмерикански носачи на авиони, по неколку затнувања, ќе ги чинат властите и до 400.000 долари по брод, се вели во новиот извештај.

Бродовите „Џералд Р. Форд” од 2017. и „Џорџ Х.В. Буш” од 2009 година имаат канализациска мрежа слична на комерцијалните авиони, а го користат повеќе од 4.000 лица. Дури, во пракса се покажа дека цевките на тие бродови се претесни во случај кога сите тоалет-школки се зафатени.

Службите за одржување утврдиле дека на овие цевки им треба редовно, ама и скапо прочистување со хемиски средства.

Одборот на Сенатот задолжен за воените служби, утврди и други 150 случаи со проблеми со одржувањето на бродовите на Воената морнарица, што би можело да чини над 130 милијарди долари.

Коментирај