САД размислуваат за прва нуклеарна проба после 28 години

МИА/КАЈГАНА
/ 23.05.2020 / 11:08

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели размислувала дали да изврши нуклеарна проба, прва после 28 години, објави The Washington Post повикувајќи се на добро упатени извори.

Прашањето било покренато на состанокот на раководните луѓе на националните безбедносни служби на САД, по обвинувањата од Белата куќа дека Русија и Кина спроведуваат нуклеарни проби со низок интензитет.

На состанокот не била донесена конечна одлука по ова прашање, но учесниците биле согласни на заканите од Кина и Русија да се одговори со други мерки, а засега да не се вршат нуклеарни проби.

URL

Во воената историја досега само двапати биле употребени нуклеарни оружја, и двете од САД при крајот на Втората светска војна. Првиот пат тоа се случи утрото на 6 август 1945 година, кога САД фрлија нуклеарна бомба на база на ураниум наречена Little Boy, во јапонскиот град Хирошима. Втората бомба беше фрлена 2 дена подоцна, а овојпат тоа беше плутониумска бомба што предизвикува имплозија наречена Fat Man, во градот Нагасаки исто така во Јапонија. Овие два напади резултираа со 120.000 мртви од повредите од експлозијата и од радиоактивноста и уште голем дел на загинати од долготрајните ефекти од радијацијата. Потребата од користењето на овие бомби беше и останува контроверзно прашање.

Во 1996 година Меѓународниот Суд на Правдата, највисокиот суд во Обединетите нации, издаде забрана за користење на нуклеарно оружје.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе
  • filter

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе