САД се подготвени за војна ако Кина го нападне Тајван

Кина го повика Џо Бајден да не ја „потценува“ нејзината „цврста решеност да го заштити својот суверенитет“, обраќајќи му се на американскиот претседател, кој претходно денеска вети дека ќе употреби сила во случај на кинеска инвазија на Тајван, додека Тајпеј не го криеше своето задоволство со изјавата на Бајден.

Бајден во Токио рече дека САД воено ќе го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг на автономниот остров, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасност“ во своите воени маневри.

„Веднаш бараме од САД да избегнуваат испраќање лоши сигнали до силите кои се залагаат за независност на Тајван“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тајпеј ја поздрави пораката на Бајден

Тајпеј, пак, ја поздравува пораката на Бајден дека Вашингтон воено ќе го брани Тајван во случај Пекинг да го нападне островот, кој Кина го смета за дел од своја територија.

Министерството за надворешни работи на Тајван му се заблагодари на Бајден што ја потврдил неговата посветеност на Тајван, додавајќи дека владата ќе продолжи да ја зајакнува одбраната и да ја продлабочува соработката со земји како САД и Јапонија за одржување на безбедноста.

Во Токио, Бајден разговараше со премиерот Фуми Кишид, кој на заедничката прес-конференција рече дека двете земји силно се спротивставуваат на обидот насилно да се промени статус квото во Источното Кинеско и Јужното Кинеско Море.

Бајден не пропушти да ја спомене Русија, за која верува дека треба „да плаќа долгорочна цена“ за нејзиното „варварство во Украина“, во однос на санкциите наметнати врз неа од САД и сојузниците и како пример за тоа што може да се случи со Кина.

„Не се работи само за Украина. Затоа што ако санкциите не се задржат во многу аспекти, каков сигнал би ѝ испратил тоа на Кина за цената на обидот да се заземе Тајван со сила?“, изјави Бајден.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more

Израел синоќа силно ја бомбардираше Газа

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе
  • filter

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Читај повеќе