САД се соочуваат со недостаток на дедомразовци

Пандемијата со COVID-19, која и натаму трае, создаде многу проблеми, а за божикните и новогодипните празници донесе уште еден нов проблем во САД - нема доволно луѓе кои ќе се облекуваат како Дедо Мраз.

За разлика од минатите две години, во оваа 2021 година за 121% е порасната побарувачката за ангажирање луѓе кои треба да се облечат како најомилениот детски лик. Мич Ален од Hiresanta.com за Business Insider вели дека има најмалку 1.275 дедомразовци вработени на полно работно време (како оние во моловите) и над две илјади празни места за дедомразовци платени на час.

Тој напоменува и дека на пазарот на трудот моментално за 10% е намален бројот на луѓе кои бараат ваква работа, бидејќи некои долгогодишни работници починале од коронавирусот, некои се пензионирале, а трети едноставно престанале да се занимаваат со оваа работа поради пандемијата.

Според Тим Конаган, кој се има појавено како National Santa во повеќе новогодишни паради и како Father Christmas во добротворната организација Toys for Tots, околу 18% од неговите колеги одлучиле годинава да паузираат.

The Washington Post неодамна објави дека многу дедомразовци имаат одредени коморбидитети како последица од заразата со COVID-19, особено поради нивната возраст и прекумерната дебелина.

Прекинот во доставата на роба исто така влијае и врз ограничената достапност на дедомразовските костуми.

„Има многу потребни работи кои сѐ уште се наоѓаат на море во контејнери на бродовите. Нашите трговци на големо не ги имаат добиено своите порачани продукти од Кина... работи кои требаше да пристигнат во август ни доаѓаат дури сега“, вели портпаролот на компанијата Costumes for Santa.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе