Свет

САД со хеликоптери изнесуваат злато на ИСИС од Сирија

17. февруари 2019 - 15:43 | А.С.

Американскиот претседател Доналд Трамп го збуни целиот свет минатиот декември кога излезе со тврдење дека самопрогласениот калифат Исламска држава е поразен во Сирија и дека ќе ги повлече сите американски трупи од оваа арапска земја.

Сириската новинска агенција SANA цитирајќи локални извори објави дека силите на САД со хеликоптери пренесуваат огромни контејнери со „пљачките“ на војниците на ИСИС.

Изворите тврдат дека во овие контејнери има огромни количини злато кое терористичката група го чувала на безбедно источно од градот Ал Шадади, што се поклопува со претходни тврдења дека ИСИС има пренесено околу 40 тони златни плочки украдени од Мосул во Ирак и други области низ Сирија, во областите под нејзина контрола.

Според овие извори, хеликоптери на американската војска пристигнале во Хаџун, Деир ез-Сор и во Дашиша, Хасака, носејќи милитанти на ИСИС кои се предале на американските трупи и потоа покажале каде се наоѓаат резервите на пари и злато. Со тоа бил склопен договор според кој Вашингтон „поштедил стотици теренски лидери  експерти на терористичката организација“.

Вашингтон уште нема излезено со коментар за ваквите тврдења.

Неколку земји претходно ги обвинија САД дека организираат превоз за милитанти на ИСИС, а SANA тврди дека со хеликоптери се евакуираат команданти на ИСИС и нивните семејства од Сирија.

Коментирај