САД трагаат по синот на Осама бин Ладен, нудат 1 милион долари за информација

САД распишаа награда во износ од 1 милион долари за инфромации што би довеле до откривање и апсење на синот на ликвидираниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, Хамза, јави BBC, повикувајќи се на неименуван висок американски претставник.

Според истиот извор, САД сметаат дека Хамза бин Ладен е новиот лидер на Ал Каеда и дека се наоѓа во реонот на авганистанско-пакистанската граница.

Американскиот претставник посочува дека Хамза бин Ладен изминативе години објавувал видео и аудио пораки во кои повикува на напади вцз САД и нивните сојузници, во знак на одмазда за убиството на неговиот татко.

Осама бин Ладен, кога САД го обвинуваа дека е организатор на нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година во кои загинаа речиси 3.000 лица, беше ликвидиран во Пакистан во 2011 година, од страна на припадници на американските специјални сили.

Се претпоставува дека Хамза бин Ладен, кого САД пред две години го ставија на глобалната листа на терористи, има околу 30 години.

Според сознанијата на американското разузнавање, Хамза бин Ладен е оженет со ќерката на Мохамед Ата, кој беше еден од исламистите кои го киднапираа авионот што удри во зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001 година.

BBC наведува дека Хамза важел за „омилен син“ на Осма бин Ладен и дека бил подготвуван за преземање на раководењето со Ал Каеда уште додека неговиот татко бил жив.

– Веруваме дека веројатно се наоѓа на авганистанско-пакистанската граница… и може да замине во Иран. Но, тој би можел да биде насекаде низ јужна и централна Азија, наведува американскиоит претставник во изјавата за BBC.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе